здравје

Именка, среден род

Само во еднина.

Значење на здравје:

Состојба на организмот кога сите органи нормално и правилно функционираат без да се чувствуваат никакви болки; физичка и ментална состојба на организмот; Добро здравје. Кревко здравје. Тој особено внимава на здравјето. Се плашеа за неговото здравје.

Изведени зборови:

  • здравјенце, и. ср. хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Со здравје – поздрав при заминување. На здравје – израз при здравица. Здравје да имаш – благослов.

Оригинални податоци:

здравје (само едн.) ср. Состојба на организмот кога сите органи нормално и правилно функционираат без да се чувствуваат никакви болки; физичка и ментална состојба на организмот; спрот. болест. Добро здравје. Кревко здравје. Тој особено внимава на здравјето. Се плашеа за неговото здравје. ‖ здравјенце ср. хип. ◊ Со здравје – поздрав при заминување. На здравје – израз при здравица. Здравје да имаш – благослов.