здраво
Значење на здраво:
1. Цврсто, јако, силно. Куќата беше здраво направена. Удри здраво во трупецот и тој се раздели на два дела.
2. Трајно, солидно. Се зафатија здраво за работата и навреме ја завршија. Учеше здраво и темелно.
3. Непоколебливо. Тој стоеше здраво на својот став. Застана здраво во нејзина одбрана.
4. Поздрав. Здраво, одамна не сме се сретнале!
Фразеолошки израз / поговорка:
Здравоживо – 1. Поздравување и отпоздравување. 2. Храна, предмет што се дава во знак на поздрав.
Оригинални податоци:
здраво прил. 1. Цврсто, јако, силно. Куќата беше здраво направена. Удри здраво во трупецот и тој се раздели на два дела. 2. Трајно, солидно. Се зафатија здраво за работата и навреме ја завршија. Учеше здраво и темелно. 3. Непоколебливо. Тој стоеше здраво на својот став. Застана здраво во нејзина одбрана. 4. Поздрав. Здраво, одамна не сме се сретнале! ◊ Здравоживо – 1. Поздравување и отпоздравување. 2. Храна, предмет што се дава во знак на поздрав.