здружи
Значење на здружи:
1. а) Обедини, организира во група, здружение, сојуз. Заедничкиот интерес ги здружи. б) Спои, доближи едно до друго. Исправи ја раката и здружи ги прстите.
2. Спријатели, зближи. Сиромаштијата ги здружи селаните.
Коњугација: здружат.
Изведени зборови:
- здружување, глаг. им. ср.
- се ~ здружи, 1. Се спои, се организира во група, здружение, сојуз. Ако се здружиме, ќе имаме поголем успех во нашата цел. Неколку стотини граѓани се здружија во невладина организација. 2. Се спријатели, се зближи. Со време децата од двете улици се здружија и заборавија на расправијата.
- (се) здружува, глаг. несв. (се) здружуваат
Оригинални податоци:
здружи, здружат св. 1. а) Обедини, организира во група, здружение, сојуз. Заедничкиот интерес ги здружи. б) Спои, доближи едно до друго. Исправи ја раката и здружи ги прстите. 2. Спријатели, зближи. Сиромаштијата ги здружи селаните. ● се ~ 1. Се спои, се организира во група, здружение, сојуз. Ако се здружиме, ќе имаме поголем успех во нашата цел. Неколку стотини граѓани се здружија во невладина организација. 2. Се спријатели, се зближи. Со време децата од двете улици се здружија и заборавија на расправијата. ‖ (се) здружува, (се) здружуваат несв. ‖ глаг. им. здружување ср.