здуши

Глагол, свршен

Значење на здуши:

Направи да се спријатели, да не чувствува некого како непријател, како туѓ.

Коњугација: здушат.

Изведени зборови:

  • здушување, глаг. им. ср.
  • се ~ здуши, 1. За животни – почувствува мирис, здив на животно од друго стадо со цел да се здружат. Се здушиле кучето и мачето. Се здушиле вашите и нашите коњи и магариња, не се клоцаат веќе. 2. За човек – се зближи, се спријатели. Се здушија новодојдените со староседелците.
  • (се) здушува, глаг. несв. (се) здушуваат

Оригинални податоци:

здуши, здушат св. Направи да се спријатели, да не чувствува некого како непријател, како туѓ. а) За животно. Ги здушиле двете стада. Ги здушиле кучињата пред да ги затворат заедно. б) (прен.) За човек. Ги здушиле младенците. ● се ~ 1. За животни – почувствува мирис, здив на животно од друго стадо со цел да се здружат. Се здушиле кучето и мачето. Се здушиле вашите и нашите коњи и магариња, не се клоцаат веќе. 2. За човек – се зближи, се спријатели. Се здушија новодојдените со староседелците. ‖ (се) здушува, (се) здушуваат несв. ‖ глаг. им. здушување ср.