зебра
Зоологија.
Значење на зебра:
1. Вид копитар со црно – бели линии по телото, слично на коњ, што живее во африканските савани; Equus zebra. Зебрата често станува плен на лавот.
2. Место на улицата обоено со линии што означува пешачки премин. Возачите треба особено да внимаваат на зебрите околу училиштата.
Множина: зебри.
Оригинални податоци:
зебра, мн. зебри ж. (зоол.) 1. Вид копитар со црно – бели линии по телото, слично на коњ, што живее во африканските савани; Equus zebra. Зебрата често станува плен на лавот. 2. Место на улицата обоено со линии што означува пешачки премин. Возачите треба особено да внимаваат на зебрите околу училиштата.