зелен

Придавка

Значење на зелен:

1. Што е со боја на трева, на свежи, неовенати лисје. Зелена хартија. Зелена кошула.

2. Што е обрастен со трева, со растенија и сл. Зелена ливада. Зелена гора. Зелени површини.

3. За плод – неузреан, невтасан за јадење. Зелени сливи. Зелени домати. Зелено овошје.

4. (прен.) Блед, со неприродна боја. Зелен во лицето. Зелен од јад.

5. (прен.) За човек – многу млад, неопитен. Се залетуваше, беше млад и зелен.

6. Како им., од ср. Тоа што се купува, продава предвреме (необрано, неожниено, неизработено). Тој продаваше жито на зелено.

Членувана форма: зелениот.

Изведени зборови:

  • зеленичок, прид. зеленичкиот дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Зелен појас – дрвја линиски насадени, што претставуваат еден вид природна граница или заштита. На зелено – во природа, на зеленило.

Оригинални податоци:

зелен, зелениот прид. 1. Што е со боја на трева, на свежи, неовенати лисје. Зелена хартија. Зелена кошула. 2. Што е обрастен со трева, со растенија и сл. Зелена ливада. Зелена гора. Зелени површини. 3. За плод – неузреан, невтасан за јадење. Зелени сливи. Зелени домати. Зелено овошје. 4. (прен.) Блед, со неприродна боја. Зелен во лицето. Зелен од јад. 5. (прен.) За човек – многу млад, неопитен. Се залетуваше, беше млад и зелен. 6. Како им., од ср. Тоа што се купува, продава предвреме (необрано, неожниено, неизработено). Тој продаваше жито на зелено. ◊ Зелен појас – дрвја линиски насадени, што претставуваат еден вид природна граница или заштита. На зелено – во природа, на зеленило. ‖ зеленичок, зеленичкиот прид. дем. и хип.