зелник

Именка, машки род

Значење на зелник:

Комат, пита со некој вид зелје. Тепсија зелник. Вкусен зелник. Зелник со спанаќ.

Множина: зелници.

Изведени зборови:

  • зелниче, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кога има масло, и баба знае да меси зелник – кога има со што (материјал, продукти), лесно е нешто да се направи.

Оригинални податоци:

зелник, мн. зелници м. Комат, пита со некој вид зелје. Тепсија зелник. Вкусен зелник. Зелник со спанаќ. ‖ зелниче мн. зелничиња ср. дем. и хип. ◊ Кога има масло, и баба знае да меси зелник – кога има со што (материјал, продукти), лесно е нешто да се направи.