земе
Значење на земе:
1. Фати, подигне, прибере со рацете. Ги зеде книгите од масата и излезе. Земи ја чашата.
2. Употреби, користи. Таа зеде таблета против главоболка. Зедоа одмор и заминаа на море.
3. Поведе, одведе, однесе со себе. Таа заминала и ги зела децата со себе. Тој ги зел парите и заминал.
4. Одземе, присвои нешто туѓо. Ја пресретнале некои дечишта и и ја зеле чантата. Новата власт им го зеде дуќанот.
5. Купи, набави нешто. Зедовме дрва за огрев. Си зедов нови чевли.
6. Прими на работа, назначи на служба некого. Тие зедоа куќна помошничка. Мајсторот си зеде калфа. Го зеде за свој личен секретар.
7. Наеме, се услужи со некое превозно средство. Земи такси и дојди веднаш. Ќе го земам автомобилот, ќе стасам побрзо.
8. Добие, освои (награда, власт и сл.). Нејзината песна зеде трета награда од публиката. Непријателот не успеа да го земе градот.
9. (разг.) Стапи во брачен однос. Тој ја зеде за жена девојката со која се забавуваше долги години.
10. Избере нешто за работа, се задржи на нешто. Таа зеде матурска тема. Претходниот час зедовме лекција за инсекти.
11. Спечали, добие како приход. Годинава од јаболката зедовме најмногу досега.
12. Претпостави. Еве да земеме дека е така како што велиш.
13. Почне, фати да прави нешто. Застана под прозорецот и зеде да вика. Зеде да брои.
14. Како вовед во реченица во служба на партикула за потсилување. Зеде, та ја продаде куќата.
Коњугација: зедоа , зедов , зел , земат , земен, земете , земи , (ќе) земеа , (ќе) земев , (ќе) земел .
Изведени зборови:
- земање, глаг. им. ср.
- (се) зема, глаг. несв. (се) земаат
- се ~ земе, 1. Се фати за рака еден со друг. Братчето и сестричето се зедоа за рака и си тргнаа. 2. Стапи во брак. Тие се забавуваа многу години и конечно се зедоа. 3. Ми (ти, му ...) | Изгуби нешто од себе. Ми се зеде здивот. Му се зеде виделото. Ѝ се зеде умот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Давање–земање – блиски, пријателски односи.
Оригинални податоци:
земе, земат; земи, земете; зедов, зедоа; зел; (ќе) земев, (ќе) земеа; (ќе) земел; земен св. 1. Фати, подигне, прибере со рацете. Ги зеде книгите од масата и излезе. Земи ја чашата. 2. Употреби, користи. Таа зеде таблета против главоболка. Зедоа одмор и заминаа на море. 3. Поведе, одведе, однесе со себе. Таа заминала и ги зела децата со себе. Тој ги зел парите и заминал. 4. Одземе, присвои нешто туѓо. Ја пресретнале некои дечишта и и ја зеле чантата. Новата власт им го зеде дуќанот. 5. Купи, набави нешто. Зедовме дрва за огрев. Си зедов нови чевли. 6. Прими на работа, назначи на служба некого. Тие зедоа куќна помошничка. Мајсторот си зеде калфа. Го зеде за свој личен секретар. 7. Наеме, се услужи со некое превозно средство. Земи такси и дојди веднаш. Ќе го земам автомобилот, ќе стасам побрзо. 8. Добие, освои (награда, власт и сл.). Нејзината песна зеде трета награда од публиката. Непријателот не успеа да го земе градот. 9. (разг.) Стапи во брачен однос. Тој ја зеде за жена девојката со која се забавуваше долги години. 10. Избере нешто за работа, се задржи на нешто. Таа зеде матурска тема. Претходниот час зедовме лекција за инсекти. 11. Спечали, добие како приход. Годинава од јаболката зедовме најмногу досега. 12. Претпостави. Еве да земеме дека е така како што велиш. 13. Почне, фати да прави нешто. Застана под прозорецот и зеде да вика. Зеде да брои. 14. Како вовед во реченица во служба на партикула за потсилување. Зеде, та ја продаде куќата. ● се ~ 1. Се фати за рака еден со друг. Братчето и сестричето се зедоа за рака и си тргнаа. 2. Стапи во брак. Тие се забавуваа многу години и конечно се зедоа. 3. Ми (ти, му ...) ● се ~ Изгуби нешто од себе. Ми се зеде здивот. Му се зеде виделото. Ѝ се зеде умот. ◊ Земе обврска – се обврзе; Земе збор – јавно настапи. Му го зеде зборот од уста – превари во кажувањето на иста мисла. Го зеде матната – пропадна. Го зеде на грб – преземе одговорност за некого. Го зеде на око – обележи некого со цел да му наштети. Го зеде на душа – наштети, нанесе некому неправда; виновен е за нечија смрт. Зеде збогум – се прости од некого. Зеде предвид – има на ум. ‖ (се) зема, (се) земаат несв. ‖ глаг. им. земање ср. ◊ Давање–земање – блиски, пријателски односи.