земен
Значење на земен:
1. Што е од внатрешноста на земјата. Земен гас. Земни длабочини.
2. (ретко) Што се однесува на планетата Земја; Земјин. Земна површина. Земна оска.
3. Што се однесува на Земјата како место на живот и дејност на човекот. Земни задоволства. Земен рај. Земна убавина. Земни богатства.
Членувана форма: земниот.
Оригинални податоци:
земен, земниот прид. 1. Што е од внатрешноста на земјата. Земен гас. Земни длабочини. 2. (ретко) Што се однесува на планетата Земја; сп. Земјин. Земна површина. Земна оска. 3. Што се однесува на Земјата како место на живот и дејност на човекот. Земни задоволства. Земен рај. Земна убавина. Земни богатства.