земја

Именка, женски род

Значење на земја:

1. (само едн.) Една од планетите во Сончевиот систем, Земја, планетата на која живееме.

2. (само едн.) Сувата површина на планетата Земја, нејзиниот копнен дел наспрема водната површина и наспрема небото. Небото и земјата. Морињата и земјата.

3. (само едн.) Дел од земјината кора кој може да се обработува и на кој можат да виреат, растат растенија; почва. Земјата ни е плодна и ровка. Песоклива земја.

4. (само едн.) Површината на која некој или нешто се наоѓа, се допира до неа или се движи по неа. Тој седеше на земја. Имаше фустан до земја. Почнуваше да чекори по земјата.

5. (само едн.) Површина која е нечија сопственост, имот. Тој селанец беше богат со земја. Си ја продаде земјата што ја имаше наследено од татка си. На секоја ќерка и даде доста земја за мираз.

6. (само едн.) Материја во составот на земјината кора, обично со темнокафеава боја. Станува и се истресува од земјата. Триесет години работел во прав и земја. Нафрлиле земја на огнот. Покажа врзана шамија со земја. Го остави грстот земја на сонцето.

7. Заедничка територија на која живеат поголеми заедници на луѓе, народи, која претставува географска целина (крај) и која може административно и политички да биде држава. Четири земји потпишаа мир. За тебе мислев, земјо, татковино. Тие беа протерани во разни земји на Источна Европа.

Множина: земји.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ветена земја – 1. (библ.) Палестина. 2. (прен.) Богата земја или крај каде што среќно се живее. Пропадна в земја – 1. Исчезна, го снема. 2. Се засрами. Лесна му земја – израз при споменување покојник или при простување со него. Мириса на земја (разг.) – болен е на умирање. Ни на небо ни на земја – се наоѓа во несигурна, нејасна положба. Ничија земја – 1. Простор, појас меѓу две линии на фронтот или меѓу две државни граници; 2. (прен.) Простор, подрачје за дејствување за кое никој нема интерес.

Оригинални податоци:

земја, мн. земји ж. 1. (само едн.) Една од планетите во Сончевиот систем, Земја, планетата на која живееме. 2. (само едн.) Сувата површина на планетата Земја, нејзиниот копнен дел наспрема водната површина и наспрема небото. Небото и земјата. Морињата и земјата. 3. (само едн.) Дел од земјината кора кој може да се обработува и на кој можат да виреат, растат растенија; почва. Земјата ни е плодна и ровка. Песоклива земја. 4. (само едн.) Површината на која некој или нешто се наоѓа, се допира до неа или се движи по неа. Тој седеше на земја. Имаше фустан до земја. Почнуваше да чекори по земјата. 5. (само едн.) Површина која е нечија сопственост, имот. Тој селанец беше богат со земја. Си ја продаде земјата што ја имаше наследено од татка си. На секоја ќерка и даде доста земја за мираз. 6. (само едн.) Материја во составот на земјината кора, обично со темнокафеава боја. Станува и се истресува од земјата. Триесет години работел во прав и земја. Нафрлиле земја на огнот. Покажа врзана шамија со земја. Го остави грстот земја на сонцето. 7. Заедничка територија на која живеат поголеми заедници на луѓе, народи, која претставува географска целина (крај) и која може административно и политички да биде држава. Четири земји потпишаа мир. За тебе мислев, земјо, татковино. Тие беа протерани во разни земји на Источна Европа. ◊ Ветена земја – 1. (библ.) Палестина. 2. (прен.) Богата земја или крај каде што среќно се живее. Пропадна в земја – 1. Исчезна, го снема. 2. Се засрами. Лесна му земја – израз при споменување покојник или при простување со него. Мириса на земја (разг.) – болен е на умирање. Ни на небо ни на земја – се наоѓа во несигурна, нејасна положба. Ничија земја – 1. Простор, појас меѓу две линии на фронтот или меѓу две државни граници; 2. (прен.) Простор, подрачје за дејствување за кое никој нема интерес.