зев

Именка, машки род

Значење на зев:

1. Рефлексен грч на виличните мускули проследен со широко отворање на устата; проѕевка.

2. (лингв.) Слободен проток на воздухот при непосреден премин од изговорот на една самогласка кон друга во зборот или на составот на зборовите; хијат. Два збора не се изговараат споено, туку така да се почувствува зев.

3. Отвор, процеп. Зевот меѓу прозорецот се прошируваше. Низ зевот имаше силен провев.

4. Простор меѓу нишките на основата каде што се провлекува совалката при ткаење (кај разбој).

Множина: зевови.

Членувана форма: зевот.

Оригинални податоци:

зев, зевот, мн. зевови м. 1. Рефлексен грч на виличните мускули проследен со широко отворање на устата; проѕевка. 2. (лингв.) Слободен проток на воздухот при непосреден премин од изговорот на една самогласка кон друга во зборот или на составот на зборовите; хијат. Два збора не се изговараат споено, туку така да се почувствува зев. 3. Отвор, процеп. Зевот меѓу прозорецот се прошируваше. Низ зевот имаше силен провев. 4. Простор меѓу нишките на основата каде што се провлекува совалката при ткаење (кај разбој).