згасне
Значење на згасне:
1. гасне_1 Згасна огнот. Згасни ја ламбата.
2. (прен.) Прекине, исчезне, изгуби; гасне_3_4. Прерано згасна неговиот живот. Згасна радоста во нејзините очи. Згасна и последната надеж.
Коњугација: згаснаа , згаснав , згаснал , згаснат , згаснат , згаснете , згасни , (ќе) згаснеа , (ќе) згаснев , (ќе) згаснел.
Изведени зборови:
- згаснува, глаг. несв. згаснуваат
- згаснување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
згасне, згаснат; згасни, згаснете; згаснав, згаснаа; згаснал; згаснат; (ќе) згаснев, (ќе) згаснеа; (ќе) згаснел св. 1. сп. гасне 1. Згасна огнот. Згасни ја ламбата. 2. (прен.) Прекине, исчезне, изгуби; сп. гасне 3, 4. Прерано згасна неговиот живот. Згасна радоста во нејзините очи. Згасна и последната надеж. ‖ згаснува, згаснуваат несв. ‖ глаг. им. згаснување ср.