зглоб
Значење на зглоб:
1. (анат.) Место каде што се допираат и се поврзуваат две или повеќе коски. Еден гостински играч го повреди зглобот на десната нога. Бабата имаше болки во зглобовите.
2. Спојка на различни предмети каде што се спојуваат составните делови еден со друг. Ногарката на креветот беше излезена од зглобот.
3. Очна дупка; глоб. Очите му беа ситни и пропаднати во зглобовите.
Множина: зглобови.
Изведени зборови:
- зглопче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
зглоб, мн. зглобови м. 1. (анат.) Место каде што се допираат и се поврзуваат две или повеќе коски. Еден гостински играч го повреди зглобот на десната нога. Бабата имаше болки во зглобовите. 2. Спојка на различни предмети каде што се спојуваат составните делови еден со друг. Ногарката на креветот беше излезена од зглобот. 3. Очна дупка; в. глоб. Очите му беа ситни и пропаднати во зглобовите. ‖ зглопче, мн. зглопчиња ср. дем.