зглоби
Значење на зглоби:
1. Сврзе, поврзе зглобови. Детето одвај успеа да ја зглоби играчката.
2. (прен.) Спои, состави нешто што се состои од повеќе делови. Од неколкуте непотврдени информации новинарите зглобија шокантна приказна.
Коњугација: зглобат.
Изведени зборови:
- зглобување, глаг. им. ср.
- се ~ зглоби, Се сврзе, се состави нешто од повеќе делови. Полиците беа во кутии, требаше да се зглобат.
- (се) зглобува, глаг. несв. (се) зглобуваат
Оригинални податоци:
зглоби, зглобат св. 1. Сврзе, поврзе зглобови. Детето одвај успеа да ја зглоби играчката. 2. (прен.) Спои, состави нешто што се состои од повеќе делови. Од неколкуте непотврдени информации новинарите зглобија шокантна приказна. ● се ~ Се сврзе, се состави нешто од повеќе делови. Полиците беа во кутии, требаше да се зглобат. ‖ (се) зглобува, (се) зглобуваат несв. ‖ глаг. им. зглобување ср.