згода
Значење на згода:
1. Удобност, поволност. За риболовците ваквото време е вистинска згода. Базен во сопствениот двор е жива згода.
2. Случка, доживување. Интересна згода. Љубеше да раскажува за згодите од детството. Таа згода ќе ја паметам целиот живот.
3. Можност. Одвај најде згода да поразговара со него. Тоа беше згода без голема мака да ја пренесе стоката.
Множина: згоди.
Фразеолошки израз / поговорка:
Згоди и незгоди – пријатни и непријатни моменти, случувања.
Оригинални податоци:
згода, мн. згоди ж. 1. Удобност, поволност. За риболовците ваквото време е вистинска згода. Базен во сопствениот двор е жива згода. 2. Случка, доживување. Интересна згода. Љубеше да раскажува за згодите од детството. Таа згода ќе ја паметам целиот живот. 3. Можност. Одвај најде згода да поразговара со него. Тоа беше згода без голема мака да ја пренесе стоката. ◊ Згоди и незгоди – пријатни и непријатни моменти, случувања.