згоден
Значење на згоден:
1. Што сосема одговара; удобен, погоден. Згодна околност. Згоден момент. Станот имаше згоден распоред. Кучето си најде згодно легло под јаболкницата.
2. Што е привлечен; симпатичен. Згоден маж. Згодна колешка. Згодна фигура.
Членувана форма: згодниот.
Изведени зборови:
- згодно, прил. Згодно избрани примери. Најзгодно би било да се најдеме попладне.
- згодност, и. ж.
Оригинални податоци:
згоден, згодниот прид. 1. Што сосема одговара; удобен, погоден. Згодна околност. Згоден момент. Станот имаше згоден распоред. Кучето си најде згодно легло под јаболкницата. 2. Што е привлечен; симпатичен. Згоден маж. Згодна колешка. Згодна фигура. ‖ згодно прил. Згодно избрани примери. Најзгодно би било да се најдеме попладне. ‖ згодност ж.