згоди 1

Глагол, свршен

Значење на згоди:

Затече, завари. За малку не го згоди домаќинот дома.

Коњугација: згодат.

Изведени зборови:

  • згодување1, глаг. им. ср.
  • се ~ згоди, 1. Се затече, се завари; се најде. На излегување се згоди со попот. 2. Се случи. Се згоди да се сретнат повторно. Се згоди нешто што им го измени животот.
  • (се) згодува, глаг. несв. (се) згодуваат

Оригинални податоци:

згоди1, згодат св. Затече, завари. За малку не го згоди домаќинот дома. ● се ~ 1. Се затече, се завари; се најде. На излегување се згоди со попот. 2. Се случи. Се згоди да се сретнат повторно. Се згоди нешто што им го измени животот. ‖ (се) згодува, (се) згодуваат несв. ‖ глаг. им. згодување1 ср.