згора
Значење на згора:
1. Врз површината на нешто. Носеше некаква кошула, а згора изветвено палто. Згора над планината се стемни небото. Направија подземно засолниште и згора го покрија со земја.
2. По површината; однадвор. Лебот згора се испече, ама внатре сѐ уште е жив. Згора со фасадата куќата изгледаше како нова.
3. Уште, дополнително; повеќе. Дедото имаше осумдесет години и згора. Таа покрај тоа што лажеше, па згора и навредуваше.
Фразеолошки израз / поговорка:
Згора-згора – направи нешто набрзина, површно. Згора на сѐ – покрај сето тоа, кон сето тоа, уште и.
Оригинални податоци:
згора прил. 1. Врз површината на нешто. Носеше некаква кошула, а згора изветвено палто. Згора над планината се стемни небото. Направија подземно засолниште и згора го покрија со земја. 2. По површината; однадвор. Лебот згора се испече, ама внатре сѐ уште е жив. Згора со фасадата куќата изгледаше како нова. 3. Уште, дополнително; повеќе. Дедото имаше осумдесет години и згора. Таа покрај тоа што лажеше, па згора и навредуваше. ◊ Згора-згора – направи нешто набрзина, површно. Згора на сѐ – покрај сето тоа, кон сето тоа, уште и.