згорчи
Значење на згорчи:
1. Направи нешто да горчи. Модриот патлиџан ја згорчил манџата.
2. ми (ти, му ...) Одеднаш почувствува горчлив вкус. Ми згорчи сирењето.
3. (прен.) Направи некому непријатности. Ми го згорчи денот. Животот ќе му го згорчат.
Коњугација: згорчат.
Изведени зборови:
- згорчување, глаг. им. ср.
- се ~ згорчи, 1. Стане горчлив. Се згорчил сокот. 2. (прен.) Стане тежок, мачен, непријатен. Кога го видов, ми се згорчи денот.
- (се) згорчува, глаг. несв. (се) згорчуваат
Оригинални податоци:
згорчи, згорчат св. 1. Направи нешто да горчи. Модриот патлиџан ја згорчил манџата. 2. ми (ти, му ...) Одеднаш почувствува горчлив вкус. Ми згорчи сирењето. 3. (прен.) Направи некому непријатности. Ми го згорчи денот. Животот ќе му го згорчат. ● се ~ 1. Стане горчлив. Се згорчил сокот. 2. (прен.) Стане тежок, мачен, непријатен. Кога го видов, ми се згорчи денот. ‖ (се) згорчува, (се) згорчуваат несв. ‖ глаг. им. згорчување ср.