зготви

Глагол, свршен

Значење на зготви:

1. Направи јадење. Што зготви денес за ручек? Набрзина зготви вечера за гостинот. Знаеше да зготви вкусни, несекојдневни јадења.

2. (ретко) Направи, подготви нешто. Човек не може да замисли што сѐ можат да му зготват. Жената го зготви мажот за на пат.

Коњугација: зготват.

Изведени зборови:

  • зготвување, глаг. им. ср.
  • се ~ зготви, Се подготви. Се зготви и замина без да се поздрави.
  • (се) зготвува, глаг. несв. (се) зготвуваат

Оригинални податоци:

зготви, зготват св. 1. Направи јадење. Што зготви денес за ручек? Набрзина зготви вечера за гостинот. Знаеше да зготви вкусни, несекојдневни јадења. 2. (ретко) Направи, подготви нешто. Човек не може да замисли што сѐ можат да му зготват. Жената го зготви мажот за на пат. ● се ~ Се подготви. Се зготви и замина без да се поздрави. ‖ (се) зготвува, (се) зготвуваат несв. ‖ глаг. им. зготвување ср.