зграда

Именка, женски род

Значење на зграда:

Поголем објект што служи за живеење или каде што се сместени јавни институции, установи и сл. Станбена зграда. Факултетска зграда. Тие имаа голема семејна куќа, подобро кажано зграда на четири ката.

Множина: згради.

Изведени зборови:

  • зградиче, и. ж. мн. зградичиња ср., зградичка, мн. зградички дем. и хип.
  • зградиште, и. ср. аугм.

Оригинални податоци:

зграда, мн. згради ж. Поголем објект што служи за живеење или каде што се сместени јавни институции, установи и сл. Станбена зграда. Факултетска зграда. Тие имаа голема семејна куќа, подобро кажано зграда на четири ката. ‖ зградиче, мн. зградичиња ср., зградичка, мн. зградички ж. дем. и хип. ‖ зградиште, мн. зградишта ср. аугм.