зграпчи
Значење на зграпчи:
1. Брзо и со сила фати, земе нешто со раце; зграби Тој ја зграпчи и сосила ја бакна. Момчето ја зграпчи јакната и излета надвор. Некој од зад грб го зграпчи.
2. (прен.) Обземе, исполни. Невиден страв го зграпчи и му го одзеде здивот. Тешка болест го зграпчи, го легна во постела.
Коњугација: зграпчат.
Изведени зборови:
- зграпчување, глаг. им. ср.
- се ~ зграпчи, Се фати еден со друг, се грабне. Двајцата се зграпчија и почнаа да се слушаат тупаници. Жените почнаа да викаат и се зграпчија за косите.
- (се) зграпчува, глаг. несв. (се) зграпчуваат
Оригинални податоци:
зграпчи, зграпчат св. 1. Брзо и со сила фати, земе нешто со раце; сп. зграби 1. Тој ја зграпчи и сосила ја бакна. Момчето ја зграпчи јакната и излета надвор. Некој од зад грб го зграпчи. 2. (прен.) Обземе, исполни. Невиден страв го зграпчи и му го одзеде здивот. Тешка болест го зграпчи, го легна во постела. ● се ~ Се фати еден со друг, се грабне. Двајцата се зграпчија и почнаа да се слушаат тупаници. Жените почнаа да викаат и се зграпчија за косите. ‖ (се) зграпчува, (се) зграпчуваат несв. ‖ глаг. им. зграпчување ср.