згрее
Значење на згрее:
Стопли, загрее. Таа го згреа ручекот и седна да јаде. Пролетното сонце ја згреа старицата што седеше на прозорецот.Коњугација: згреав , згреаја , згреал , згреан , згреат , згреен, згреј , згрејте , (ќе) згреев , (ќе) згрееја , (ќе) згреел .
Изведени зборови:
- згревање, глаг. им. ср.
- (се) згрева, глаг. несв. (се) згреваат
- се ~ згрее, Стане топол; се стопли. Застана покрај огништето за да се згрее.
Оригинални податоци:
згрее, згреат; згреј, згрејте; згреав, згреаја; згреал; згреан; (ќе) згреев, (ќе) згрееја; (ќе) згреел; згреен св. Стопли, загрее. Таа го згреа ручекот и седна да јаде. Пролетното сонце ја згреа старицата што седеше на прозорецот. ● се ~ Стане топол; се стопли. Застана покрај огништето за да се згрее. ‖ (се) згрева, (се) згреваат несв. ‖ глаг. им. згревање ср.