згргори
Значење на згргори:
1. гргори. Згргори поточето, па се смири.
2. За вода – зоврие. Згргори водата во лонецот.
3. За оружје – одеднаш почне рафална стрелба; заштракоти. Згргорија митралези од другата страна на реката.
4. (прен.) Настане врева. Се чу училишното ѕвонче и учениците згргорија.
Коњугација: згргорат еднокр..
Изведени зборови:
- згргорува, глаг. несв. згргоруваат
- згргорување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
згргори, згргорат еднокр. св. 1. сп. гргори. Згргори поточето, па се смири. 2. За вода – зоврие. Згргори водата во лонецот. 3. За оружје – одеднаш почне рафална стрелба; заштракоти. Згргорија митралези од другата страна на реката. 4. (прен.) Настане врева. Се чу училишното ѕвонче и учениците згргорија. ‖ згргорува, згргоруваат несв. ‖ глаг. им. згргорување ср.