згрне
Значење на згрне:
1. Собере нешто на едно место, направи куп, купче. Го згрна песокот на еден агол во дворот.
2. (прен.) Собере, насобере во големо количество (пари, богатство и сл.). Цел живот беше по туѓина, ама пари не згрна.
3. (дијал.) Прегрне. Тој сочувствително го згрна старецот.
Коњугација: згрнаа , згрнав , згрнал , згрнат , згрнат , згрнете , згрни , (ќе) згрнеа , (ќе) згрнев , (ќе) згрнел.
Изведени зборови:
- згрнување, глаг. им. ср.
- се ~ згрне, (дијал.) Се прегрне. Се згрнаа двајцата другари невидени долги години.
- (се) згрнува, глаг. несв. (се) згрнуваат
Оригинални податоци:
згрне, згрнат; згрни, згрнете; згрнав, згрнаа; згрнал; згрнат; (ќе) згрнев, (ќе) згрнеа; (ќе) згрнел св. 1. Собере нешто на едно место, направи куп, купче. Го згрна песокот на еден агол во дворот. 2. (прен.) Собере, насобере во големо количество (пари, богатство и сл.). Цел живот беше по туѓина, ама пари не згрна. 3. (дијал.) Прегрне. Тој сочувствително го згрна старецот. ● се ~ (дијал.) Се прегрне. Се згрнаа двајцата другари невидени долги години. ‖ (се) згрнува, (се) згрнуваат несв. ‖ глаг. им. згрнување ср.