згрутчи се
Значење на згрутчи се:
Се претвори во грутки, во грутчиња. Млекото е расипано, при варењето се згрутчи. Нешто му се згрутчуваше во грлото и му го одземаше здивот.Коњугација: се згрутчат.
Изведени зборови:
- згрутчување, глаг. им. ср.
- се згрутчува, глаг. несв. се згрутчуваат
Оригинални податоци:
згрутчи се, се згрутчат св. Се претвори во грутки, во грутчиња. Млекото е расипано, при варењето се згрутчи. Нешто му се згрутчуваше во грлото и му го одземаше здивот. ‖ се згрутчува, се згрутчуваат несв. ‖ глаг. им. згрутчување ср.