жаба

Именка, женски род

Значење на жаба:

1. Водоземно животно со долги задни нозе приспособени за скокање на суво и за пливање во вода; Rana temporaria. Не се спиеше од жаби и од нивното крекање.

2. ( прен. пејор. ) (прен., пејор.) Погрдно, иронично обраќање кон некое лице. Уште тебе те чекаат тука, жабо крастава. Жабо низаедна!

3. Густ пивтиест талог во сад во кој се чува киселина, оцет.

Множина: жаби.

Изведени зборови:

  • жабин, прид. жабиниот
  • жабичка, и. ж. мн. жабички ; жапче, мн. жапчиња ср.; жапченце (само едн.) ср. дем.
  • жабиште, и. ср. аугм. и пејор.

Фразеолошки израз / поговорка:

Жаба не крека на суво – не се пее без пиење. Градна жаба – 1. Болест на срцето, Angina pectoris. 2. Болест на грлото кај говедата.

Оригинални податоци:

жаба, мн. жаби ж. 1. Водоземно животно со долги задни нозе приспособени за скокање на суво и за пливање во вода; Rana temporaria. Не се спиеше од жаби и од нивното крекање. 2. (прен., пејор.) Погрдно, иронично обраќање кон некое лице. Уште тебе те чекаат тука, жабо крастава. Жабо низаедна! 3. Густ пивтиест талог во сад во кој се чува киселина, оцет. ◊ Жаба не крека на суво – не се пее без пиење. Градна жаба – 1. Болест на срцето, Angina pectoris. 2. Болест на грлото кај говедата. ‖ жабин, жабиниот прид. ‖ жабичка, мн. жабички ж.; жапче, мн. жапчиња ср.; жапченце (само едн.) ср. дем. ‖ жабиште, мн. жабишта ср. аугм. и пејор.