жал
Значење на жал:
1. Тага, мака, душевна болка. Само една тешка жал ме налегнала. Таа знае колку и какви маки и жалови истрга.
2. Сочувство, сожалување. Жал ми е за тебе. Ми падна жал за неа. Ни стана жал.
Множина: жалови.
Членувана форма: жалот.
Алтернативно: жалта
Фразеолошки израз / поговорка:
За жал – жалам, жално е што е така. За жал, тој не дојде. Дискусијата, за жал, не беше приложена во Зборникот.
Оригинални податоци:
жал, жалот и жалта, мн. жалови м./ж. 1. Тага, мака, душевна болка. Само една тешка жал ме налегнала. Таа знае колку и какви маки и жалови истрга. 2. Сочувство, сожалување. Жал ми е за тебе. Ми падна жал за неа. Ни стана жал. ◊ За жал – жалам, жално е што е така. За жал, тој не дојде. Дискусијата, за жал, не беше приложена во Зборникот.