жали

Глагол, несвршен

Значење на жали:

1. Чувствува жал за нешто изгубено, поминато, неостварено. Жалеше за изгубената младост.

2. Е во жалост по починат. Старата жалеше по загинатиот син.

3. Сожалува некого, сочувствува со некого. Го жали што останал сам.

4. Штеди (обично негирано). Кога е за здравјето, не жали ни пари ни труд.

Коњугација: жалат.

Изведени зборови:

  • жалење, глаг. им. ср.
  • се ~ жали, 1. Се плаче, се поплакува некому. Не сакам да ти се жалам, но ова летување е едно од најтажните што сме ги поминале. 2. Поднесува жалба до некој државен орган. И двајцата се жалеа против пресудата до Врховниот суд. 3. Се сожалува себеси. Тој се жали прво себеси, па после другите.

Оригинални податоци:

жали, жалат несв. 1. Чувствува жал за нешто изгубено, поминато, неостварено. Жалеше за изгубената младост. 2. Е во жалост по починат. Старата жалеше по загинатиот син. 3. Сожалува некого, сочувствува со некого. Го жали што останал сам. 4. Штеди (обично негирано). Кога е за здравјето, не жали ни пари ни труд. ●се ~ ̴ 1. Се плаче, се поплакува некому. Не сакам да ти се жалам, но ова летување е едно од најтажните што сме ги поминале. 2. Поднесува жалба до некој државен орган. И двајцата се жалеа против пресудата до Врховниот суд. 3. Се сожалува себеси. Тој се жали прво себеси, па после другите. ‖ глаг. им. жалење ср.