жари

Глагол, несвршен

Значење на жари:

1. Гори, пече, доведува нешто во состојба на жар. Ковачот ја жареше косата за да ја клепа.

2. (прен.) Жури, гори, пали; ја надразнува кожата предизвикувајќи црвенило и јадеж. Копривата жари.

3. (прен.) Опфатен е од силно чувство, пламти, гори. Во нас жарат силни желби.

Коњугација: жарат.

Изведени зборови:

  • жарење, глаг. им. ср.
  • се ~ жари, 1. Се претвора во жар, е во состојба на жар. Јаглењето во огништето се жареа. 2. (прен.) Се црвенее, се руменее. Од праведниот гнев лицето ми се жареше. Над горската падина се жареше вечерната руменина.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пали и жари – самоволно и безобѕирно работи, управува, дејствува.

Оригинални податоци:

жари, жарат несв. 1. Гори, пече, доведува нешто во состојба на жар. Ковачот ја жареше косата за да ја клепа. 2. (прен.) Жури, гори, пали; ја надразнува кожата предизвикувајќи црвенило и јадеж. Копривата жари. 3. (прен.) Опфатен е од силно чувство, пламти, гори. Во нас жарат силни желби. ●се ~ ̴ 1. Се претвора во жар, е во состојба на жар. Јаглењето во огништето се жареа. 2. (прен.) Се црвенее, се руменее. Од праведниот гнев лицето ми се жареше. Над горската падина се жареше вечерната руменина. ◊ Пали и жари – самоволно и безобѕирно работи, управува, дејствува. ‖ глаг. им. жарење ср.