желатин

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на желатин:

1. Смеса што се добива со варење на одредени делови од животинско потекло (коски, кожа и сл.) и којашто служи за лепење; чист туткал. Безбојниот туткал се нарекува желатин.

2. Проѕирна материја, обично во тенки ливчиња што се употребува во кулинарството, фотографијата и сл.

Изведени зборови:

  • желатински, прид. желатинскиот

Оригинални податоци:

желатин (само едн.) м. 1. Смеса што се добива со варење на одредени делови од животинско потекло (коски, кожа и сл.) и којашто служи за лепење; чист туткал. Безбојниот туткал се нарекува желатин. 2. Проѕирна материја, обично во тенки ливчиња што се употребува во кулинарството, фотографијата и сл. ‖ желатински, желатинскиот прид.