железница

Именка, женски род

Значење на железница:

1. Сообраќајно средство за превоз на стока и патници со единствен заеднички пат, пруга, шини и сите постројки на пругата; железнички возни средства и техничко-комерцијална организација што ги организира и регулира сите дејности во врска со тоа. Работи на железница. Подземна железница.

2. (разг.) Воз. Подобро ми е патувањето со железница.

3. (разг.) Железничка линија. Таму патот се вкрстува со железницата.

Множина: железници.

Изведени зборови:

  • железнички, прид. железничкиот Што се однесува на железница. Железнички линии.

Оригинални податоци:

железница, мн. железници ж. 1. Сообраќајно средство за превоз на стока и патници со единствен заеднички пат, пруга, шини и сите постројки на пругата; железнички возни средства и техничко-комерцијална организација што ги организира и регулира сите дејности во врска со тоа. Работи на железница. Подземна железница. 2. (разг.) Воз. Подобро ми е патувањето со железница. 3. (разг.) Железничка линија. Таму патот се вкрстува со железницата. ‖ железнички, железничкиот прид. Што се однесува на железница. Железнички линии.