железо
Значење на железо:
1. (само едн.) Хемиски елемент, метал со сребрено-белузлава боја; симбол Fe. Железото е единствен апсолутно неопходен елемент за растенијата.
2. Предмет или парче од тој метал. Острото железо удри в земја. Рачка од железо.
3. Секое метално парче.
Множина: железа.
Изведени зборови:
- железиште, и. ср. аугм.
Оригинални податоци:
железо, мн. железа ср. 1. (само едн.) Хемиски елемент, метал со сребрено-белузлава боја; симбол Fe. Железото е единствен апсолутно неопходен елемент за растенијата. 2. Предмет или парче од тој метал. Острото железо удри в земја. Рачка од железо. 3. Секое метално парче. ‖ железиште, мн. железишта ср. аугм.