желка
Зоологија.
Значење на желка:
Копнено и водно животно покриено со цврст оклоп што се движи бавно на четири нозе, кои заедно со главата може да ги вовлече во оклопот; Emys orbicularis. Во капиновите грмушки шушкаа желки.Множина: желки.
Изведени зборови:
- желче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Јава на желка – се движи бавно.
Оригинални податоци:
желка, мн. желки ж. (зоол.) Копнено и водно животно покриено со цврст оклоп што се движи бавно на четири нозе, кои заедно со главата може да ги вовлече во оклопот; Emys orbicularis. Во капиновите грмушки шушкаа желки. ◊ Јава на желка – се движи бавно. ‖ желче, мн. желчиња ср. дем.