жена
Значење на жена:
1. Лице според полот спротивно на мажот; женско лице во зрела возраст. Мажите и жените се еднакви пред законот.
2. (разг.) Брачен другар од женски пол; сопруга. Животот си го минувам со мојата жена и со моите деца.
3. Лице што за плата, награда работи во туѓа куќа; куќна помошничка. Имаме жена што ни го чува детето додека сме на работа.
Множина: жени.
Изведени зборови:
- женица, и. ж. мн. женици; женичка, мн. женички ; женче, мн. женчиња ср. дем.
- жениште, и. ср. аугм.
Оригинални податоци:
жена, мн. жени ж. 1. Лице според полот спротивно на мажот; женско лице во зрела возраст. Мажите и жените се еднакви пред законот. 2. (разг.) Брачен другар од женски пол; сопруга. Животот си го минувам со мојата жена и со моите деца. 3. Лице што за плата, награда работи во туѓа куќа; куќна помошничка. Имаме жена што ни го чува детето додека сме на работа. ‖ женица, мн. женици; женичка, мн. женички ж.; женче, мн. женчиња ср. дем. ‖ жениште, мн. женишта ср. аугм.