жесток

Придавка

Значење на жесток:

1. Што е суров, безмилосен, бездушен, нечовечен. Тој е жесток човек. Жесток непријател.

2. Што е многу силен, што се пројавува со некое силно изразено својство. Жестока постапка. Жестока расправија. Жесток удар. Жестока брзина. Жестоко темпо.

Членувана форма: жестокиот.

Изведени зборови:

  • жестоко, прил. Особина на тој што е жесток и својство на тоа што е жестоко. Тие жестоко се расправаа.
  • жестокост, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Жесток пијалак – пијалак со висок процент на алкохол.

Оригинални податоци:

жесток, жестокиот прид. 1. Што е суров, безмилосен, бездушен, нечовечен. Тој е жесток човек. Жесток непријател. 2. Што е многу силен, што се пројавува со некое силно изразено својство. Жестока постапка. Жестока расправија. Жесток удар. Жестока брзина. Жестоко темпо. ◊ Жесток пијалак – пијалак со висок процент на алкохол. ‖ жестоко прил. Особина на тој што е жесток и својство на тоа што е жестоко. Тие жестоко се расправаа. ‖ жестокост ж.