жетвар
Значење на жетвар:
1. Лице што жние жито, што ја извршува жетвата. Со жетварите ќе влеземе в село.
2. Народен назив за седмиот месец во годината; јули. Жетвар течеше и печеше жетварското сонце. Беше жетвар, месец на изгорени снопје.
Множина: жетвари.
Изведени зборови:
- жетварка, и. ж. 1. сп. жетвар 1. 2. Машина за жниење. Со жетварката ја собра жетвата.
- жетварски, прид. жетварскиот Жетварска песна.
- жетварче, и. ср. 1. Дем. од жетвар 1. 2. Вид јаболко што се бере во јули; петровка. Се собираат дечишта за да чукаат јаболчиња – жетварчиња.
Оригинални податоци:
жетвар, мн. жетвари м. 1. Лице што жние жито, што ја извршува жетвата. Со жетварите ќе влеземе в село. 2. Народен назив за седмиот месец во годината; јули. Жетвар течеше и печеше жетварското сонце. Беше жетвар, месец на изгорени снопје. ‖ жетварка, мн. жетварки ж. 1. сп. жетвар 1. 2. Машина за жниење. Со жетварката ја собра жетвата. ‖ жетварче, мн. жетварчиња ср. 1. Дем. од жетвар 1. 2. Вид јаболко што се бере во јули; петровка. Се собираат дечишта за да чукаат јаболчиња – жетварчиња. ‖ жетварски, жетварскиот прид. Жетварска песна.