жица
Значење на жица:
1. Усукана нишка; конец. Конец од три жици.
2. Метална нишка. Железна жица. Челична жица. Телефонска жица.
3. Струна на музички инструмент. Виолинска жица. Тој го влечеше гудалото по жиците.
4. (прен.) Наследна особина. Детево има таткова жица.
5. Слој на земја во кој се наоѓа некоја руда. Златна жица, рудна жица.
6. (прен.) Посебна дарба за нешто. Тој има поетска жица.
Множина: жици.
Изведени зборови:
- жичка, и. ж. дем.
Оригинални податоци:
жица, мн. жици ж. 1. Усукана нишка; конец. Конец од три жици. 2. Метална нишка. Железна жица. Челична жица. Телефонска жица. 3. Струна на музички инструмент. Виолинска жица. Тој го влечеше гудалото по жиците. 4. (прен.) Наследна особина. Детево има таткова жица. 5. Слој на земја во кој се наоѓа некоја руда. Златна жица, рудна жица. 6. (прен.) Посебна дарба за нешто. Тој има поетска жица. ‖ жичка, мн. жички ж. дем.