жигоса

Глагол, свршен

Значење на жигоса:

1. Стави жиг некому или на нешто. Работниците ги жигосуваа говедата. Тој ги жигосува пратките со својот посебен жиг.

2. (прен.) Осуди, обвини некого. Писателот ги казнува и ги жигосува престапите.

Коњугација: жигосаат.

Изведени зборови:

  • жигосува, глаг. несв. жигосуваат
  • жигосување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

жигоса, жигосаат св. 1. Стави жиг некому или на нешто. Работниците ги жигосуваа говедата. Тој ги жигосува пратките со својот посебен жиг. 2. (прен.) Осуди, обвини некого. Писателот ги казнува и ги жигосува престапите. ‖ жигосува, жигосуваат несв. ‖ глаг. им. жигосување ср.