жилав
Значење на жилав:
1. Што има жили, што е со истакнати, нагласени жили. Грст земја од родниот крај во неговата жилава рака му ја враќа силата и надежта.
2. Што е мускулест, што има развиени мускули. Таа разговараше со еден крупен и жилав русокос човек.
3. Што е растеглив, еластичен; што е отпорен на кинење. Месото беше жилаво. Газевме по густата и жилава планинска трева.
4. (прен.) Што е здрав, издржлив. Тој е жилав човек.
5. Што е упорен, енергичен, силен. Непријателот даваше жилав отпор.
Членувана форма: жилавиот.
Изведени зборови:
- жилаво, прил. Се држиме жилаво. Тие жилаво се бореа.
Оригинални податоци:
жилав, жилавиот прид. 1. Што има жили, што е со истакнати, нагласени жили. Грст земја од родниот крај во неговата жилава рака му ја враќа силата и надежта. 2. Што е мускулест, што има развиени мускули. Таа разговараше со еден крупен и жилав русокос човек. 3. Што е растеглив, еластичен; што е отпорен на кинење. Месото беше жилаво. Газевме по густата и жилава планинска трева. 4. (прен.) Што е здрав, издржлив. Тој е жилав човек. 5. Што е упорен, енергичен, силен. Непријателот даваше жилав отпор. ‖ жилаво прил. Се држиме жилаво. Тие жилаво се бореа.