жито
Значење на жито:
1. Заеднички назив за едногодишните растенија чијшто зрнест плод служи за исхрана (пченица, јачмен, 'рж, овес, ориз, пченка и др.). Житата почнале да растат.
2. Плод од житно растение, обично од пченица. Извозот на жито, за разлика од минатата година, оваа година е послаб.
3. збир. житја. Нива посеана со пченица или житни култури. По житјата веќе се гледаа жетвари.
4. Друг назив за пченица, растение и плод.
5. Варена и засладена пченица што се раздава за душа, за покоен.
Множина: жита.
Изведени зборови:
- житце, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
жито, мн. жита ср. 1. Заеднички назив за едногодишните растенија чијшто зрнест плод служи за исхрана (пченица, јачмен, 'рж, овес, ориз, пченка и др.). Житата почнале да растат. 2. Плод од житно растение, обично од пченица. Извозот на жито, за разлика од минатата година, оваа година е послаб. 3. збир. мн. житја. Нива посеана со пченица или житни култури. По житјата веќе се гледаа жетвари. 4. Друг назив за пченица, растение и плод. 5. Варена и засладена пченица што се раздава за душа, за покоен. ‖ житце, мн. житца ср. дем.