жив

Придавка

Значење на жив:

1. Што живее, што не е мртов; што спаѓа во животинскиот или во растителниот свет. Од сите само тој останал жив. Живо суштество. Жив организам. Живи риби. Живи растенија. Жива природа.

2. Што е полн со животна сила, подвижен, пргав. Тоа дете е многу живо. Живи движења. Жива фантазија. Жив ум.

3. (прен.) Јасен, светол, изразит, лесно восприемлив. Жив опис. Живо ракажување. Живи бои. Жива слика.

4. Вистински, дејствителен. Жива дејствителност. Жив факт. Жив доказ.

5. Што се доживува како да е жив. Жива историја. Жив спомен. Живо сеќавање.

6. Прометен, што има многу движење, врева, шум. Жив град. Жива улица. Жив сообраќај.

7. Свеж, суров, неварен, непечен. Жива пиперка. Жив спанаќ. Жива зелка.

8. Што е силно доживеано, силно изразено (во зборовни состави со именка). Жива срамота. Жива мака.

9. Сосема, наполно (во зборовни состави со придавка). Жив гладен. Жив ненаспан.

Членувана форма: живиот.

Изведени зборови:

  • живо, прил. Многу, силно изразено. Живо се движи. Живо работи. Живо е заинтересиран. Очите живо му играат.
  • живост, и. ж. живоста Кон значењата 2, 3, 4, 5.

Фразеолошки израз / поговорка:

Жива вар – негасена вар. Живо влакно – долга и многу тенка глиста. Жива вода – 1. во народните приказни, вода од која мртов човек оживува. 2. извор. Жива вода (се стори) – сиот се изводени, изнакисне. Жива душа нема – нема никој. Жив ѕид – многу луѓе како преграда, пречка, како заштита. Жив јазик – јазик на кој се зборува, што не е мртов. Жива мера – тежина, мерка на живо животно за продажба, незаклано. Жива ограда – ограда од густо насадени грмушки. Жива рана – 1. отворена рана што не зарастува; 2. (прен.) голема душевна болка. Жива сила – војска, луѓе наспрема техниката. Живо сребро – жива. Жив закопан – што е во многу тешка положба. Жив вземи пропадна – доживеа голем срам, се усрами. Жив се изеде – многу се покаја за нешто. Жив не се стори – не покажа никакво интересирање за нешто, не покажа никаква грижа. Ни жив ни мртов – што е многу изморен, исцрпен, премален, болен. Сè живо – сè што се има, сè што е во прашање. Да е (си, сте...) жив и здрав – пожелување.

Оригинални податоци:

жив, живиот прид. 1. Што живее, што не е мртов; што спаѓа во животинскиот или во растителниот свет. Од сите само тој останал жив. Живо суштество. Жив организам. Живи риби. Живи растенија. Жива природа. 2. Што е полн со животна сила, подвижен, пргав. Тоа дете е многу живо. Живи движења. Жива фантазија. Жив ум. 3. (прен.) Јасен, светол, изразит, лесно восприемлив. Жив опис. Живо ракажување. Живи бои. Жива слика. 4. Вистински, дејствителен. Жива дејствителност. Жив факт. Жив доказ. 5. Што се доживува како да е жив. Жива историја. Жив спомен. Живо сеќавање. 6. Прометен, што има многу движење, врева, шум. Жив град. Жива улица. Жив сообраќај. 7. Свеж, суров, неварен, непечен. Жива пиперка. Жив спанаќ. Жива зелка. 8. Што е силно доживеано, силно изразено (во зборовни состави со именка). Жива срамота. Жива мака. 9. Сосема, наполно (во зборовни состави со придавка). Жив гладен. Жив ненаспан. ◊ Жива вар – негасена вар. Живо влакно – долга и многу тенка глиста. Жива вода – 1. во народните приказни, вода од која мртов човек оживува. 2. извор. Жива вода (се стори) – сиот се изводени, изнакисне. Жива душа нема – нема никој. Жив ѕид – многу луѓе како преграда, пречка, како заштита. Жив јазик – јазик на кој се зборува, што не е мртов. Жива мера – тежина, мерка на живо животно за продажба, незаклано. Жива ограда – ограда од густо насадени грмушки. Жива рана – 1. отворена рана што не зарастува; 2. (прен.) голема душевна болка. Жива сила – војска, луѓе наспрема техниката. Живо сребро – жива. Жив закопан – што е во многу тешка положба. Жив вземи пропадна – доживеа голем срам, се усрами. Жив се изеде – многу се покаја за нешто. Жив не се стори – не покажа никакво интересирање за нешто, не покажа никаква грижа. Ни жив ни мртов – што е многу изморен, исцрпен, премален, болен. Сè живо – сè што се има, сè што е во прашање. Да е (си, сте...) жив и здрав – пожелување. ‖ живо прил. Многу, силно изразено. Живо се движи. Живо работи. Живо е заинтересиран. Очите живо му играат. ‖ живост, живоста ж. Кон значењата 2, 3, 4, 5.