живее
Значење на живее:
1. Постои, суштествува како жив организам, жив е. Секој има право да живее.
2. Ги врши биолошките функции, е во живот во определени услови. Рибите живеат во вода. На такви температури не живеат ни луѓе ни животни, ами само некои инсекти.
3. Го поминува животот некаде, на некое место. Ескимите живеат на Северниот Пол. Најдобриот тенисер живее во Монако.
4. Го поминува животот на некаков начин, под некакви услови. Тој живее без жена. Два дни живеевме без јадење.
5. Го поминува животот заедно, во заедница со некого. Тој живее со баба му. Македонскиот народ живее во заедница со другите националности.
6. Живее за некого, за нешто; за некоја цел. Тие живеат само за своите деца. Тој живее само за пари. Живее за музиката.
7. Се издржува од нешто. Живее од тутун. Тој живееше од трговија.
8. Се согласува, е во добри односи со некого. Тие си живееја убаво еден со друг. Тој не живее со никого. Човек треба да живее со сите.
Коњугација: живеав , живеаја , живеал , живеан, живеат , живеев , живееја , живеејќи , живеел , живеен , живеј , живејте .
Изведени зборови:
- живеење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Живее на туѓ грб – се издржува со туѓи средства.
Оригинални податоци:
живее, живеат; живеј, живејте; живеев, живееја; живеел; живеен; живеејќи; мин. св. живеав, живеаја; живеал; живеан несв. 1. Постои, суштествува како жив организам, жив е. Секој има право да живее. 2. Ги врши биолошките функции, е во живот во определени услови. Рибите живеат во вода. На такви температури не живеат ни луѓе ни животни, ами само некои инсекти. 3. Го поминува животот некаде, на некое место. Ескимите живеат на Северниот Пол. Најдобриот тенисер живее во Монако. 4. Го поминува животот на некаков начин, под некакви услови. Тој живее без жена. Два дни живеевме без јадење. 5. Го поминува животот заедно, во заедница со некого. Тој живее со баба му. Македонскиот народ живее во заедница со другите националности. 6. Живее за некого, за нешто; за некоја цел. Тие живеат само за своите деца. Тој живее само за пари. Живее за музиката. 7. Се издржува од нешто. Живее од тутун. Тој живееше од трговија. 8. Се согласува, е во добри односи со некого. Тие си живееја убаво еден со друг. Тој не живее со никого. Човек треба да живее со сите. ◊ Живее на туѓ грб – се издржува со туѓи средства. ‖ глаг. им. живеење ср.