живопис
Значење на живопис:
1. Ликовна уметност во која се слика со бои; сликарство. Света Гора била најпозната школа каде што мајсторите ги изучувале тајните на живописот.
2. Дела на таа уметност. Во Бигорскиот манастир заврши реставрацијата на живописот.
3. Сликарство на фрески и икони во православните цркви.
Множина: живописи.
Оригинални податоци:
живопис, мн. живописи м. 1. Ликовна уметност во која се слика со бои; сп. сликарство. Света Гора била најпозната школа каде што мајсторите ги изучувале тајните на живописот. 2. Дела на таа уметност. Во Бигорскиот манастир заврши реставрацијата на живописот. 3. Сликарство на фрески и икони во православните цркви.