живот

Именка, машки род

Обично во еднина.

Значење на живот:

1. Биолошки облик на постоење и на движење на материјата, настанат на определена етапа од нејзиниот развој. Појава на животот на Земјата. Облици на живот на нашата планета.

2. Физиолошка состојба на живите организми од раѓањето до смртта (често во затврдени изрази со глаголите: даде, положи, одземе, изгуби и сл.). Тој го даде својот живот за слободата на Македонија. Даваше знаци на живот. Го изгубил животот во сообраќајна несреќа.

3. Израз на физичка и духовна сила, животност, живост. Тој беше полн со живот.

4. Начин на живеење, постоење, врзан за определени услови, обичаи и сл. Градски живот. Бурен живот. Скап живот. Евтин живот. Кучешки живот.

5. животи. Живо суштество. Многу животи зеде на душа.

6. Животен пат, тек, важни животни случки на некој човек. Живот и дело. Животот на писателот.

7. Организација, начин на постоење и дејствување на некој систем. Животот на државата. Животот на армијата. Животот на природата.

8. Дејствување на човекот и на општествената заедница во некоја област. Политички живот. Културен живот. Семеен живот. Музички живот.

9. Реалниот свет во којшто суштествува човекот. Секојдневен живот. Се пробива во животот. Судир со животот. Се учи од животот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Борба на живот и смрт – беспоштедна, жестока борба; решавачка борба. Вечен (задгробен) живот – живот по смртта. Гол живот – бедно одржување во живот. Даде живот (за некого, за нешто) – загине, се жртвува. Животот си го стави на коцка – се изложи на голем ризик. Линија на животот – линија на дланката од која се чита должината на животот. Подари живот (некому) – го помилува, не го уби. Ако ти е мил животот – како предупредување дека некоја постапка може да се плати со животот.

Оригинални податоци:

живот (обично во едн.) м. 1. Биолошки облик на постоење и на движење на материјата, настанат на определена етапа од нејзиниот развој. Појава на животот на Земјата. Облици на живот на нашата планета. 2. Физиолошка состојба на живите организми од раѓањето до смртта (често во затврдени изрази со глаголите: даде, положи, одземе, изгуби и сл.). Тој го даде својот живот за слободата на Македонија. Даваше знаци на живот. Го изгубил животот во сообраќајна несреќа. 3. Израз на физичка и духовна сила, животност, живост. Тој беше полн со живот. 4. Начин на живеење, постоење, врзан за определени услови, обичаи и сл. Градски живот. Бурен живот. Скап живот. Евтин живот. Кучешки живот. 5. мн. животи. Живо суштество. Многу животи зеде на душа. 6. Животен пат, тек, важни животни случки на некој човек. Живот и дело. Животот на писателот. 7. Организација, начин на постоење и дејствување на некој систем. Животот на државата. Животот на армијата. Животот на природата. 8. Дејствување на човекот и на општествената заедница во некоја област. Политички живот. Културен живот. Семеен живот. Музички живот. 9. Реалниот свет во којшто суштествува човекот. Секојдневен живот. Се пробива во животот. Судир со животот. Се учи од животот. ◊ Борба на живот и смрт – беспоштедна, жестока борба; решавачка борба. Вечен (задгробен) живот – живот по смртта. Гол живот – бедно одржување во живот. Даде живот (за некого, за нешто) – загине, се жртвува. Животот си го стави на коцка – се изложи на голем ризик. Линија на животот – линија на дланката од која се чита должината на животот. Подари живот (некому) – го помилува, не го уби. Ако ти е мил животот – како предупредување дека некоја постапка може да се плати со животот. ‖ животец, (само едн.) дем., ирон. кон значењето 2. Си го чува животецот. Си го гледа животецот.