животно
Значење на животно:
1. Живо суштество способно да се движи и да чувствува (наспроти растение), обично исклучувајќи го човекот. Дворот на селската куќа беше преполн со разни домашни животни.
2. (прен.) Груб, некултурен човек. Подло животно беше тоа старче.
Множина: животни.
Изведени зборови:
- животинка, и. ж. мн. животинки ; животинче, мн. животинчиња ср. дем. и хип.
Оригинални податоци:
животно, мн. животни ср. 1. Живо суштество способно да се движи и да чувствува (наспроти растение), обично исклучувајќи го човекот. Дворот на селската куќа беше преполн со разни домашни животни. 2. (прен.) Груб, некултурен човек. Подло животно беше тоа старче. ‖ животинка, мн. животинки ж.; животинче, мн. животинчиња ср. дем. и хип.