жлеб 1

Именка, машки род

Значење на жлеб:

Долга тесна вдлабнатина на некој предмет во којашто влегува испапчениот дел од друг предмет. Жлебовите на фиоката не лежеа добро. Тркалото излезе од жлебот.

Множина: жлебови.

Изведени зборови:

  • жлепче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

жлеб1, мн. жлебови м. Долга тесна вдлабнатина на некој предмет во којашто влегува испапчениот дел од друг предмет. Жлебовите на фиоката не лежеа добро. Тркалото излезе од жлебот. ‖ жлепче, мн. жлепчиња ср. дем.