жнее

Глагол, несвршен

Значење на жнее:

1. Реже житни стебла, собира, сече жито со срп или со земјоделска машина. Жетварките жнееја јачмен.

2. (прен.) Собира, добива плод, резултат од работа. Жнее успеси. Таа ќе жнее само аплаузи.

Коњугација: жнаа , жнав , жнал , жнат, жнеат , жнеев , жнееја , жнеејќи , жнеел , жнеен , жнеење , жнеј , жнејте .

Оригинални податоци:

жнее, жнеат; жнеј, жнејте; жнеев, жнееја; жнеел; жнеен; жнеејќи; жнеење; мин. св. жнав, жнаа; жнал; жнат несв. 1. Реже житни стебла, собира, сече жито со срп или со земјоделска машина. Жетварките жнееја јачмен. 2. (прен.) Собира, добива плод, резултат од работа. Жнее успеси. Таа ќе жнее само аплаузи.