жолтица
Значење на жолтица:
1. (само едн.) Болест на црниот дроб при која се јавува жолтило на кожата, на видливата слузница и на белките поради продирањето на секретот од жолчката во крвотокот. Жолтицата ја лечеше за четиринаесет дена со толчен лук. Жолтицата е заразна болест.
2. Златна монета, дукат. На малечкото масиче до креветот истури цела рака жолтици. За изградбата на манастирот дедо ми собрал илјада жолтици.
Множина: жолтици.
Оригинални податоци:
жолтица, мн. жолтици ж. 1. (само едн.) Болест на црниот дроб при која се јавува жолтило на кожата, на видливата слузница и на белките поради продирањето на секретот од жолчката во крвотокот. Жолтицата ја лечеше за четиринаесет дена со толчен лук. Жолтицата е заразна болест. 2. Златна монета, дукат. На малечкото масиче до креветот истури цела рака жолтици. За изградбата на манастирот дедо ми собрал илјада жолтици.