зине

Глагол, свршен

Значење на зине:

1. Отвори уста. Зина да ги покаже златните заби.

2. прен. Се појави, се покаже како голем отвор, процеп, пукнатина и сл. Прозорецот зинал, не се затвора. Чизмите веќе беа зинале кај прстите.

Коњугација: зинат.

Изведени зборови:

  • зинува, глаг. несв. зинуваат
  • зинување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Што си зинал? – Што се чудиш?

Оригинални податоци:

зине, зинат св. 1. Отвори уста. Зина да ги покаже златните заби. 2. прен. Се појави, се покаже како голем отвор, процеп, пукнатина и сл. Прозорецот зинал, не се затвора. Чизмите веќе беа зинале кај прстите. ◊ Што си зинал? – Што се чудиш? ‖ зинува, зинуваат несв. ‖ глаг. им. зинување ср.